Thursday, March 14, 2013


Коњ

Од Википедија, слободната енциклопедија
Домашен коњ
Кобила со своето ждребе.
Научна класификација
Царство:Животни
Колено:Хордати
Класа:Цицачи
Ред:Непарнокопитни
Фамилија:Коњи
Род:Коњи
Вид:E. caballus
Биномен назив
Equus caballus
Лине, 1758
Коњот (научноEquus ferus caballus[1]) е голем копнен цицач кој се одликува со брзина, сила и издржливост. Коњите се членови на фамилијата Equidae која ги вклучува и зебрите и магарињата. Како и сите еквиди, коњот е извонредно добро адаптиран на патувања на долги релации, преживувајќи со исхрана која се состои од треви. Коњот е социјално животно, формирајќи силни здруженија со членовите на своето стадо.
Влијанието на коњите на човечката историја и цивилизација ги прави едни од најважните домашни животни. Коњите биле припитомени во Евроазија пред околу 6,000 години. Тие низ историјата им служеле на луѓето во земјоделството, војните испортот. Денес питомите коњи се распространети насекаде низ светот, со вкупна проценета популација од околу 60 милиони единки. Т.н. диви коњи, како оние на американскиот запад, се всушност слободни предци на домашните коњи кои не се припитомиле.
Дивите предци на денешните коњи еволуирале милиони години во Северна Америка. Тие се рашириле во другите делови од светот со патување на југ во Јужна Америка и со преминување на копнените мостови кои ја поврзувале Северна Америка соЕвропа и Азија за време на леденото доба. Коњите исчезнале од Северна и Јужна Америка во еден бран на изумирање кој се случил при крајот на плеистоценската епоха, пред околу 15,000 години. Тие не се забележани во Америка сѐ до 1494, кога италијанскиот истражувач Кристофер Колумбо ги транспортирал со бродови од Шпанија на неговото второ патување заНовиот свет.

Пржеваљски коњ (Equus przewalskii).
Пржеваљскиот коњ, именуван по рускиот истражувач Николај Пржеваљски, се верува дека е единствениот вистински див коњ кој живее и денес. Пржеваљскиот коњ веројатно изумрел во дивините на Монголија во 1960-тите, но со помош на европската програма за одгледување на овој коњ, популацијата е обновена. Околу 1,100 коњи преживеале до денес како резултат на нивното вдомување возоолошките градини и парковите на дивината. Пржеваљскиот коњ беше повторно однесен во националните паркови во Монголија во 1992, каде сега живеат неколку илјади единки.

[уреди]Физички опис


Арабиски коњ.

Коњи.
Како резултат на намерното одгледување и припитомување од страна на луѓето, коњите имаат изразени варијации во големината, телесната форма и бојата на покривката. Висината на коњот традиционално се мери со раце; една рака е околу 10 cm. Типичните коњи за јавање се околу 14 до 16 раце високи и тежат околу 400 до 500 kg. Најмалиот коњ, Falabella, е висок 48 cm или само нешто под 5 раце и тежи 14 kg. Најголемиот забележан коњ бил од Белгија и бил висок 1,8 m или 18 раце и тежел 1,450 kg.
Коњот има влакнеста покривка и долга грива и опашка. Тешката зимска покривка расте наесен и се митари напролет. Типични бои на покривката се црна, кафеава, сива, кремаста, златна и бела. Гривата и опашката може да се исто или различно обоени од бојата на телото. Најразличните варијации во бојата можат да настанат од наследни црти кои предизвикуваат дамки, разредување на основната телесна боја или пробивање на бели влакна во покривката. Многу телесни бои имаат специфични имиња, како што е беј (кафеав коњ со црна грива и опашка), chestnut (црвенкасто кафена со грива и опашка во иста или нешто посветла боја) и паломино (златна со кремасто бела грива и опашка).
Главата на коњот се состои од череп, кој го затвора големиот комплексен мозок, и лице. Очите на коњот се доволно оддалечени од устата, така што тој може да пасе и да внимава на опасност во исто време.

[уреди]Внатрешни органи

Коњот има многу ефикасен респираторен и циркулаторен систем кои му овозможуваат да се трка со големи брзини, а притоа да нема недостаток од кислород. Додека се движи, коњот конзумира само 1 литар на кислород во минута, но при трка, неговиот капацитет за примање на кислород може да наближи до 60 литри во минута. При трка, главата и вратот на коњот се движат горе-долу заедно со секој чекор. Ова движење ги стеснува и шири белите дробови, така што тркачки коњ автоматски зема точно еден здив за еден чекор.
Коњот има единечен желудник и голем дигестивен орган наречен цекум, кој формира слепа алеја во делот каде се спојуваат тенкото и дебелото црево. Микроорганизмите кои живеат во цекумот ја разложуваат целулозата, со што овозможуваат таа да се дигерира. Цекумот има споредлива улога со руменот, специјализирана желудочна комора кај преживарите. Коњите неможат да екстрахираат толку енергија како преживарите, но тие се способни за побрза дигестија на храната. Така, еден коњ може да изеде повеќе храна секој ден отколку крава со иста големина. Како резултат на ова, коњите можат да преживеат само со тревесто-стеблеста храна, која не е доволна за кравите.

Буковински овчар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Буковински овчар
Bucovina Sheepdog.jpg
Буковински овчар
Други имињаБуковински овчарски пес
Чапау
Земја на потекло Романија
[скриј]Карактеристки
Буковинскиот овчар (романскиCiobănesc românesc de Bucovina) е раса на кучиња кои потекнуваат од областа Буковина во северна Романија[1]. Тоа е многу силно и масивно куче и со векови е омилена сорта од страна на романските овчари наКарпатите. На почетокот е кучето е користено за да ги штити стадата со домашни животни предатори. Денес буковинкиот овчар станува се попопуларен помеѓу луѓето што живеат во градовите и кои ги користат како чувари или едноставно како миленичиња, за што придонесува нивниот добар карактер и разбирање со децата. Оваа раса е една од трите романски овчарски кучиња, заедно со миоритот (Барак) и Карпатскиот овчар (Завод).


Домашно говедо или едноставно говедо се нарекуваат одгледуваните потомци на дивото говедо (Bos taurus). Одгледувањето започнало најпрво поради месото, а подоцна и поради млекото и нивната сила која се користела за влечење.
Денешното домашно говедо првобитно дошло од Анадолија и од Блискиот Исток. Одледувањето на домашното говедо започнало уште во 9 век п.н.е. Како доказ за тоа се смета тоа што уште од 8300 година п.н.е. заедно со земјоделците пристигнало на Кипар, каде дотогаш немало говеда. Оттогаш луѓето одгледале голем број раси на домашни говеда, а понекогаш го вкрстувале Bos taurus со други видови говеда. Одгледувани се и други видови говеда, пред се во Азија. Така од подвидот на дивото говедо зебу (Bos primigenius, понекогаш Bos taurus) потекнува домашното говедо од подвидот зебу (Bos primigenius indicus, понекогаш Bos taurus indicus), од говедото бантенг (Bos javanicus) потекнува домашното говедо на Бали (Bos javanicus f. domestica) итн.
Најголем број домашни говеда кои се одгледуваат поради месото има во Бразил, околу 200 милиони. Домашните говеда ги има во неколку раси, а притоа расите се резултат на целта за која би се користело животното. Покрај месото, млекото и кожата, изметот од домашните говеда е многу ценето природно ѓубриво во земјоделството, а се користи и за добивање биогас. Во многу делови од Светот домашното говедо, посебно воловите, се користат за влечење и имаат важна улога во орањето. При одгледувањето на домашни говеда се вршело вкрстување на расите за да се добијат животни со одредени карактеристики. Притоа, најчесто се имале две цели: да се добие поголемо количество млеко и да се добие подобар квалитет и поголемо количество месо.
Кон крајот на 15. век Европјаните го донеле домашното говедо во Америка, како и во Австралија и Нов Зеланд, каде многу брзо се развиле големи крда диви говеда.
Говедата се животни од групата преживари, што значи дека имаат систем за исхрана кој им овозможува да ја искористат несварената растителна храна од желудникот, при што ја враќаат во устата и ја џвакаат. Потоа таа храна ја голтаат и во желудникот дополнително се обработува од страна на микроби кои живеат во стомакот на говедото. Тие микроорганизми се одговорни за разградувањето на целулозата и другите јаглени хидрати, а освен тоа синтетизираат аминокиселини.
Периодот на бременост кај кравите е 9 месеци. Новороденото теле тежи меѓу 35 и 45 килограми, а говедата можат да живеат до 25 

[уреди]

No comments:

Post a Comment